Дома Останати Кошарка НБА: Дончиќ го предводеше Далас до нова победа, Мекколум за Портланд броеше до 40 (ВИДЕО)

НБА: Дончиќ го предводеше Далас до нова победа, Мекколум за Портланд броеше до 40 (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни само четири натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Портланд славеше победа против Милвоки со 118:103. Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Мекколум кој натпреварот го заврши со 40 поени. На другата страна Антетокоумпо уфрли 23, а Крис Миделтон и Брук Лупез по 22.

Солиден натпревар одигра и босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ кој постигна 12 поени, додаде осум скокови и запиша шест асистенции.

Крис Леверт ги предводеше Бруклин Нетс до петата победа со 26 поени, во спротивниот табор Девин Букер уфрли 20 поени.

Далас Маверикс на свој парет беа подобри од Вашингтон со 119:100. Лука Дончиќ повторно беше одличен и со 23 поени го предводеше својот тим, додека Метјус уфрли поен помалку.

Кај оваа сезона очајните Визардси Џон Вол оствари дабл-дабл со 24 поени и 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…