Дома Останати Кошарка НБА го промени правилото за тајм-аути!

НБА го промени правилото за тајм-аути!

Раководството на НБА лигата потврди дека од следната сезона бројот на тајм-аути од 18 се намалува на 14, односно по седум за двете екипи, а времетраењето ќе биде 75 секунди и веќе ќе нема долги (90 секунди и куси 60 секунди).

Во секоја четвртина ќе има задолжително по два тајм-аути, а секоја екипа во последните три минути, наместо досегашните три на располагање ќе има право двапати да побара тајм-аут.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ќе биде скратена и паузата на полувреме и ќе изнесува точно 15 минути, а времето ќе почне да се мери веднаш по завршувањето на втората четвртина. Доколку некоја од екипите не биде подготвена за игра по истокот на паузата, ќе биде санкционирана.

Промени има и при изведувањето на слободни фрлања и таа се однесува на играчот кој ги изведува дека не смее да излезе надвор од линијата за три поени меѓу две изведени слободни фрлања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…