Дома Останати Кошарка НБА НБА ги додели наградите – Харден МВП на сезоната

НБА ги додели наградите – Харден МВП на сезоната

Синоќа се одржа специјалната церемонија на НБА лигата во која беа доделени наградите за регуларната сезона, а МВП наградата заврши во рацете на Џејмс Харден.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Помеѓу финалистите за МВП наградата се најдоа и Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, но на крајот Харден беше оној кој си отиде со наградата.

Кошаркарот на Хјустон во текот на регуларниот дел од сезоната имаше просек од 30,4 поени по натпревар, 8,8 асистенции и 5,4 скока и го предводеше својот тим до клуопски рекорд од повеќе од 60 победи.

„Изминатите четири години, постојано сум тука блиску до оваа награда и еве сега конечно сум тука. Ова многу ми значи, се обидувам секоја година да бидам подобар и подобар. Нема да застанам тука, пред мене е долг пат“, изјави Харден.

Наградата за Најдобар шести играч му припадна на Лу Вилијамс од тимот на Лос Анџелес Клиперс, додека со наградата за Најдобар дефанзивен играч беше награден Французинот Руди Гобер.

За најдобар дебитант е прогласен Бен Симонс од Филаделфија, кој го победи Донован Мичел од Јута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…