Дома Фудбал Останато На 31-ви мај во Будимпешта ќе биде испишана историја, без разлика кој ќе победи!

На 31-ви мај во Будимпешта ќе биде испишана историја, без разлика кој ќе победи!

Во финалето на Лига Европа на 31-ви мај во Будимпешта ќе се сретнат Рома и Севиља, а во тој натпревар ќе биде испишана историја, без разлика кој ќе победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерите на Севиља до завршницата стигнаа откако вчера го елиминираа Јувентус по продолженија, додека Рома со реми 0:0 го исфрли Баер Леверкузен.

Севиља е рекордер во ова натпреварување и го освои шест пати од исто толку учества во финалињата, додека тренерот на Рома, Жозе Мурињо никогаш не изгубил европско финале.

Лигата на шампионите, Португалецот ја освојуваше со Порто и Интер. Лигата на Европа со Манчестер Јнајтед, а Конференциската лига со Рома.

Значи на 31-ви мај во Будимпешта некоја серија ќе заврши – ќе видиме која!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големо враќање: Серхио Бускетс повторно е во Барселона!

Серхио Бускетс официјално се враќа во Барселона, но овој пат не како играч, туку како трен…