Дома Останати Тенис „На Ѓоковиќ не му беше добро пред турнирот во Монте Карло“

„На Ѓоковиќ не му беше добро пред турнирот во Монте Карло“

Новак Ѓоковиќ после подолгата пауза поради немањето сертификат за вакцинација имаше лошо враќање на терените откако загуби на мастерс турнирот во Монте Карло.

Тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ сега се обиде да го оправда Ѓоковиќ за прерааната елиминација.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ѓоковиќ не беше добро пред доаѓањето во Монте Карло, беше болен. Затоа не беше во можност да даде максимум, психолошки беше тешко за него. Искрено не очекував многу од овој турнир, прво немаше право за настап, а потоа правилата се променија. Сега се подготвува за Ролан Гарос, дотогаш има уште неколку турнири и верувам дека ќе биде максимално спремен“, изјави Иванишевиќ.

Ѓоковиќ откако во првото коло беше слободен во второто загуби од Давидович-Фокина во три сета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ВАДА: Синер заслужува суспензија поради допингот!

Случајот на два позитивни теста на допинг контрола на Јаник Синер сè уште е во мирување. О…