Се надеваме дека се ќе се заврши на најдобар начин.
Германскиот фудбалер и член на Јувентус, Сами Кедира баш нема среќа…Кедира во голем дел од својата кариера се мачеше со повредите, а сега се соочува со нов проблем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради честите отсуства поради повредите, искусниот фудбалер не можеше да го покаже својот полн потенцијал. Сега се соочува со уште потешка работа – аритмија на срцето.
Сами Кедира не се најде на списокот за утрешниот натпревар во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Кедира освен што го нема на списокот ќе го нема ниту на трибините,
Германецот воопшто не отпатува во Мадрид и остана во Торино со цел да му бидат направени детални анализи.
Ваквата информација не е медиумска шпекулација бидејќи истата беше потврдена од стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри. Постои веројатност дека операција ќе биде неопходна и сите во Јувентус со нетрпение ги чекаат резултатите од прегледите.
Во последните години често пати бевме сведоци на трагични настани на фудбалските терени поради проблеми со срцето на фудбалери. Во свежо сеќавање е случајот со Давиде Астори за кого Италија се уште тагува. Астори беше пронајден во безживотна состојба во неговата хотелска соба пред натпреварот на Фиорентина со Уинезе.
Засега нема информации дали и колку е сериозен проблемот на Кедира, па не е познато и колку време ќе биде надвор од терените.