Дома Фудбал Италија На Фонсека сериозно му се „тресе столчето“: Милан во слична ситуација веќе отпушти еден тренер

На Фонсека сериозно му се „тресе столчето“: Милан во слична ситуација веќе отпушти еден тренер

Фудбалерите на Милан и тренерот Пауло Фонсека не можат да се пофалат со добра форма на почетокот од оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул беше преголем залак и потврда дека Милан се уште е далеку од моментално најдобрите екипи во Европа.

Сепак, резултатот во Лигата на шампионите и овој пораз не е единствениот проблем, бидејќи Милан дури минатиот викенд против Венеција ја забележа првата победа во Серија А, а на стартот од сезоната има само пет од можни 12 бода.

Медиумите во Италија пишуваат дека претстојното дерби со Интер ќе ја одреди судбината на Фонсека, а во случај на пораз тој би можел да биде отпуштен.

Исто така, не е чудно Милан вака да реагира и да го смени тренерот уште на почетокот по лошиот старт на сезоната. Своевремено Марко Џампаоло доби отказ по само седум натпревари на клупата, во кои имаше три победи и четири порази.

Но, Фонсека не е единствената на удар, многумина сметаат дека целиот преоден рок требаше да биде подобро одработен. Голманот Мајк Мањан се повреди во вчерашниот натпревар, а за мена за него е младиот 19-годишник Ториани, но има и уште неколку позиции за кои навивачите сметаат дека морало да се реагира.

Натпреварот меѓу Интер и Милан е закажан за в недела од 20 часот и 45 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…