Веќе со месеци се шпекулира за можното замиување на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид.
Најдобриот фудбалер во светот најави таква можност по финалето во Лигата на Шампионите и очигледно Португалецот е незадоволен од одредени настани во клубот. Навивачите на Реал со нетрпение ја очекуваат неговата одлука. Големи се шансите по девет години Роналдо да ги напушти „Кралевите“, а шпанските медиуми тврдат дека 33-годишниот фудбалер би можел да се врати во Манчестер Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо името го стекна на „Олд Трафорд“ каде што пристигна во 2003. година од Спортинг. Шест години подоцна замина во Реал во тоа време рекорден трансфер вреден 94 милиони евра. Ако одлучи да се врати на „Олд Трафорд“ ќе го чека „седминцата“. Наводно тренерот, Мурињо му го ветил овој број кој во моментов е во сопственост на Санчез, а преговорите помеѓу овие две срани наводно би требало да започнат во следните денови.
Дали на крајот ќе се случи нов голем трансфер на Кристиано Роналдо кој за шест години во дресот на Јунајтед постигна 118 гола во 292 настапи, ќе видиме во следните месеци, но секако не треба да се отфрли оваа можност. Во Реал Роналдо ги сруши сите рекорд и постигна 450 гола во 438 настапи и освои апсолутно се што може да се освои во Мадрид.