После заминувањето на Кристиано Роналдо се очекуваше Карим Бензема да ја превземе улогата на главен стрелец, Французинот на крајот и ги оправда таквите очекувања.
Бензема исто така е играчот кој одиграл најмногу натпревари, има и најмногу минути поминати на теренот, најмногу и започнуваше од првата минута…
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сето ова се показатели дека Бензема игра сезона за паметење и дека на крајот ќе биде еден од ретките во оваа сезона на кој навивачите нема да можат ништо да му забележат.
Со 30 голови во сите натпреварувања Бензема е најдобар стрелец на Реал, ова е негова втора најдобра сезона по бројот на постигнати голови од доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“, го делат само два гола од најдобрата (сезоната 2011/2012).
Втор најдобар стрелец на Реал е Герет Бејл со 14 голови, следи Рамос со 11. Бензема ги постигна последните осум голови за Реал нешто што претходно никогаш не се случило во Мадрид.
Минатата недела против Атлетик Билбао, Бензема го запиша својот 50-ти настап во сезоната од можни 52 во сите натпреварувања. Играше на секој натпревар во Ла Лига, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Европскиот суперкуп.
Единствените два натпревари кои ги пропушти беше во шпанскиот куп. Никој друг во екипата не играл повеќе од францускиот напаѓач, додека само Лука Модриќ (43) и двоецот Рамос и Лукас Васкез (42) беа прилично блиску,.
Бензема на теренот помина 4048 минути, зад него следуваат Серхио Рамос со 3661 и Рафаел Варан 3415.