Дома Фудбал Останато На Рамос му се заканува суспензија од седум натпревари?!

На Рамос му се заканува суспензија од седум натпревари?!

Серхио Рамос во изминатото коло од француската Лига 1 против Ремс заработи црвен картон, а француските медиуми пренесуваат дека стоперот би можел да добие сериозна суспензија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„РМЦ Спорт“ објави дека судијата во извештајот не спомнал навреда од дефанзивецот, туку исклучувањето било поради агресивен прекршок откако го добил првиот жолт картон.

Сепак, на снимката која ја објави Канал плус може да се види дека Рамос на судијата му се обратил со „пута мадре“ на шпански. Ако ваквите информации се покажат како точни, тогаш Рамос би можел да биде суспендиран на дури седум натпревари.

Засега во тек е истрагата на надлежните и се очекува одлуката…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар и Шкендија ги дознаа можните ривали за третото квалификациско коло од Конференциската лига

Во понеделник од 14 часот ќе биде одржана ждрепката за третото квалификациско коло во Конф…