Јасно, во светот од вчера утрото па наваму главна тема е отказот во Манчестер Јунајтед на Жозе Мурињо.
Мурињо го напушти Јунајтед, а него го наследи легендарниот напаѓач на овој клуб Оле Гунар Солскјер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот е еден од тренерите со најголема заработка во својата кариера, но сте се запрашале ли колку Мурињо заработил од отказите во клубовите (оштетата)? –
Одговорот е огромни 73.5 милиони евра!
Очигледно Жозе знаел добро да се заштити и ги „олеснувал“ клубовите за прилично големи суми.
За последниот отказ во Манчестер Јунајтед ќе добие компезација во вредност од 26.5 милиони евра. Воедно е тоа е рекордна сума која еден клуб како оштета ја исплатил на некој тренер.
Се започна во неговиот прв мандат во Челзи, кога после освојувањето на два Лига Купа, еден ФА и еден Комјунити Шилд наиде на несогласувања со претседателот Роман Абрамович и доби отказ. Тој отказ го наплати 23 милиони евра.
Подоцна се пресели во Интер со кој освои две Скудета, Лига на шампиони, Куп на Италија и Суперкуп на Италија. Интер и Порто се единствените клубови каде што Мурињо не добил отказ. „Нераѕурите“ од Мурињо заработија 10 милиони евра за предвремено раскинување на договорот. Таа сума ја плати Реал Мадрид за да го обезбеди потписот на Мурињо.
Кога ги напушташе „кралевите“ доби чек од 10 милиони евра. Уште 14 милиони евра од вториот мандат во Челзи. Вкупно 73.5 милиони евра.
Ова значи дека ако според последните информации просечната плата на еден Македонец изнесува 397 евра ќе му бидат потребни 15.486 години за да стигне до заработката на Жозе. Да добро прочитавте 15.484 години, денес е 2018…