Дома Топ вести На Островот тврдат: Мурињо носи големо засилување од Реал Мадрид

На Островот тврдат: Мурињо носи големо засилување од Реал Мадрид

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо е силно заинтересиран да ја донесе ѕвездата на Реал Мадрид во своите редови.

Станува збор за хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ, за кого „Специјалниот“ веќе спренил понуда од 27 милиони фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ковачиќ има проблем да се избори за место во првиот тим во Реал поради големата конкуренција, па е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Мурињо смета дека Хрватот ќе формира идеален среден ред заедно со Матиќ и Погба, притоа Ковачиќ може одлично да го замени Пол Погба кога е повреден или под суспензија.

Портуаглецот сака овој трансфер да го финансира со заминувањето на Хенрих Михтарјан, за кого повеќе нема место во тимот на Јунајтед.

Ковачиќ е секако спремен да ја прифати понудата и да се пресели на „Олд Трафорд“, но прашање е дали „кралевите“ ќе се согласат да го пуштат на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…