Раководството на Манчестер Јунајтед се уште му верува на Оле Гунар Солскјер, меѓутоа на Островот се тврди дека е прашање на време кога Норвежанецот ќе си ги спакува куферите и ќе си замине.
„Црвените ѓаволи“ во последните четири кола од Премиер лигата претрпеа три порази и зад водечкиот Челзи заостануваат девет бода. Столчето на Солскјер од поодамна не е сигурно, но поранешниот ас на Јунајтед засега секогаш успеваше да се извлече.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, „Тајм“ пренесува дека во Јунајтед се обидуваат да го убедат Зинедин Зидан да ја прифати понудата и да го наследи Солскјер. Се наведува дека тоа што Роналдо и Варан со кои Зидан соработуваше во Реал се во Манчестер може да биде причина повеќе Французинот да каже „да“.
Како и да е промена пред натпреварот со Втофорд кој доаѓа по репрезентативната пауза не се очекува, но со евентуален неуспех тука би можела да заврши епизодата на Солскјер како тренер на Јунајтед.