Фудбалерите на Арсенал утре го играат првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на Европа на гости кај БАТЕ Борисов.
Лондонскиот клуб има високи амбиции во Лигата на Европа оваа сезона бидејќи лесно може да се случи токму ова натпреварување да биде единствениот начин за „топџиите“ да обезбедат пласман во Лигата на шампионите наредната сезона. Арсенал натпреварот го игра утре, а играчите на овој тим денес отпатуваа во Белорусија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Главна тема во англиските медиуми денес е играчот за врска на овој клуб Месут Озил со кој никој не знае што се случува. Озил е далеку најплатен играч на Арсенал, но оваа сезона го нема ниту на мапа.
Навивачите на Арсенал не можат ниту да се сетат кога последен пат Озил врзал неколку натпревари, а во последно време воопшто не е во конкуренција за натпреварите иако нормално тренира со екипата. Озил нема да игра против БАТЕ бидејќи не отпатува заедно со тимот за Белорусија.
Озил од „Боксинг деј“ одигра само два натпревари и повеќе натпревари на Арсенал проследи од трибините или од неговиот удобен дом. Така ќе биде утре, а навивачите на Арсенал се обидуваат да добијат објаснување зошто Озил воопшто не конкурира за натпреварите иако неделно инкасира огромна сума.
Покрај Озил во Белорусија не оптатуваа Сократис и Арон Рамзи кои имаат мали проблеми со повредите. Од првата минута утре шанса би требало да добие фудбалерот кој пристигна во зимскиот преоден рок од редовите на Барселона, Денис Суарез.