Тренерот на Рома, Жозе Мурињо успеа втора година во низа да ја одведе Рома во финале на европско натпреварување.
Екипата од „вечниот град“ ќе се бори за трофејот во Лигата на Европа откако во минатата предводени од Португалецот ја освоија Конференциската лига. Сепак, тоа што пишува историја, Мурињо не го интересира премногу.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не ми е важно да се запишам во историјата на Рома. Мене најважно ми е да им помогнам на овие момци да растат, да научат како да остварат големи резултати. Исто така сакам да ги направам среќни навивачите на Рома, тие ми дадоа толку многу од мојот прв ден тука. Мојата радост поради пласманот во уште едно финале е неизмерна“, изјави Мурињо по натпреварот.
Финалетои во Лига Европа на програмата е на 31-ви мај во Будимпешта, а во него противник на Рома ќе биде Севиља која е рекордер во ова натпреварување и го освојуваше шест пати во минатото.