Дома Фудбал На кого Жоао Феликс му покажа да молчи после голот против Виљареал?

На кого Жоао Феликс му покажа да молчи после голот против Виљареал?

Жоао Феликс постигна убав гол во неделната победа од 2:0 на Атлетико Мадрид против Виљареал.

После голот Феликс со гестикулација на некого му покажа да замолчи. На почетокот се сметаше дека таа гестикулации е упатена за Диего Симеоне, но не било така.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пораката на Феликс била упатена кон соиграчот Ренан Лоди кој пред тој натпревар од 25. коло во шпанското првенство му порача дека е време да почне да игра подобро. Во Атлетико Феликс дојде пред почетокот на минатата сезона во рекорден трансфер за клубот од 126 милиони евра.

За лидерот во Ла Лига Феликс оваа сезона настапува просечно помалку од еден час по натпревар. Постигна седум, а намести пет голови на соиграчите во шпансското првенство. На гол чекаше повеќе од еден месец, од натпреварот против Валенсија во 20. коло кога покрај тоа што беше стрелец запиша и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…