Иако во овој момент не е познато кој ќе биде следниот противник на Кабиб Нурмагомедов постојат неколку комбиниции.
Според една од комбинации не е исклучена можноста за реванш против Конор Мекгрегор, а се споменува и долго очекуваната борба со Тони Фергусон, па дури и меч со Флојд Мејведер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако можеме да веруваме на зборовите на таткото на Кабиб, Абулманап Нурмагомедов, УФЦ најмногу сака реванш со Ирецот.
„На нас ни беше понудено 15 милиони евра за реванш со Конор, но ние бараме 30“, изјави Абдулманап за рускиот портал „Спорт 24“.
Можби реванш со Мекгрегор би бил најдобра опција, иако таткото на Кабиб смета дека и другите борци заслужуваат шанса.
„Мораме да ги почитуваме сите, не смееме да ги игнорираме. Тони Фергусон е еден од нив, дури мислам дека најмногу заслужува да добие шанса“, изјави Нурмагомедов сениор.