Дома Фудбал Лига на шампиони На играчот кој го „реши“ Јувентус му истече позајмицата и нема да игра за Лион во реваншот

На играчот кој го „реши“ Јувентус му истече позајмицата и нема да игра за Лион во реваншот

Пандемијата со коронавирусот направи проблеми во фудбалот и спортот. Се беше прекинато скоро три месеци сега работите полека почнуваат да се враќаат во нормала, само што натпреварите некое време ќе се играат без публика.

Интересна ситуација е забележана во Лигата на шампионите. Лион го победи Јувентус со 1:0 во првиот натпревар и сега се чека ревашот, нема официјално потврдено датум, но веројатно Лигата на шампионите ќе се врати на почетокот на август.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во тој натпревар херој на Лион беше Лука Тусар кој го постигна единствениот гол на натпреварот. Сега Лион во реваншот нема да може да смета на еден од своите клучни играчи сезонава затоа што му истече позајмица.

Тусар во Лион играше како позајмен фудбалер од Херта и бундеслигашот не сакаше да го продолжи заемот на својот фудбалер па затоа од 1. јули Тусар ќе се врати во Берлин. Како што споменавме завршницата на ЛШ е планирана за август па затоа нема да може да ја доигра сезоната во Лион.

„Ние сме среќни што од јули Тусар ќе се врати во клубот“, изјавиле од Херта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…