Барселона вечерва гостува во Прага каде ќе ги одмери силите со домашната славија во меч од Лигата на шампиони.
Каталонскиот клуб после две кола има четири бода, па сигурно дека се освен победа на Барса вечерва би било изненадување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред почетокот на мечот се појави интересна информација, а тоа е дека тренерот на домашниот тим Јиндрих Трписовски им забрани на своите играчи на крајот од мечот да бараат дрес од Лионел Меси.
Дефанзивецот на Славија, Владимир Куфал објасни зошто тренерот не им дозволува да бараат дрес од аргентинската ѕвезда.
„Знаев дека ќе ме прашате за дресот на Меси. Нема да правиме ништо спектакуларно околу тоа и сите да трчаме по неговиот дрес. Тренерот одлучи да го земе дресот за себе и ни забрани нас да му го бараме дресот на Меси. Иако тој навива за Ливерпул, па не знаеме зошто му е“, низ смеа објасни Куфал.