Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино се споменува како главен кандидат за празното тренерско столче во Манчестер Јунајтед.
Самиот Аргентинец сака да се врати во Премиер лигата, а раководството на ПСЖ веќе му најде замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Зинедин Зидан е главен фаворит за преземање на тимот на ПСЖ, а „Марка“ открива дека ѕвездите на тимот веќе биле информирани дека ќе дојде Французинот.
Доколку Зидан пристигне во ПСЖ некои фудбалери би можеле да преживеат непријатни моменти, а пред се тука се мисли на Џанлуиџи Донарума. Италијанецот во летниот преоден рок пристигна како слободен играч и за местото во тимот се бори со Кејлор Навас.
Познато е дека Зидан е голем симпатизер на Кејлор Навас и добро ги познава неговите квалитети. Медиумите откриваат дека тој сигурно ќе биде прв избор и Донарума многу ретко ќе добива шанса за настап.