Дома Фудбал Англија На денешен ден: Џерард се лизна, Ливерпул остана без титула (видео)

На денешен ден: Џерард се лизна, Ливерпул остана без титула (видео)

На денешен ден, пред шест години, се одигра дербито помеѓу Ливерпул и Челзи на „Енфилд“ кое навивачите на „црвените“ никогаш нема да го заборават.

Ливерпул оваа сезона игра фантастично и е блиску до освојување на титулата после цели 30 години. Меѓутоа, „црвените“ и пред шест години беа на добар пат да ја прекинат црната серија, но тогаш во самиот финиш ја изгубија титулата.

Натпреварот против Челзи и поразот од 1:0 навивачите ќе го паметат вечно, особено несреќниот момент на капитенот Стивен Џерард.

Џерард се лизна и му ја даде топката на Демба Ба, кој излезе сам пред противничкот гол и погоди за победа на Челзи.

Тоа на крајот се покажа како клучен момент со кој Ливерпул ја изгуби титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…