Дома Фудбал Германија НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роберт Левандовски направи чудо!

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роберт Левандовски направи чудо!

Роберт Левандовски во 2010. година пристигна во Борусија Дротмунд од полскиот Лех, за четири година подоцна дресот на „Милионерите“ да го замени со дресот на Баерн Минхен.

Ако тогаш на некого не му беше јасно, на денешен ден пред точно три години, Роберт Левандовски на сите им покажа за каков играч станува збор. Баерн Минхен на својот терен играше бундеслигашки натпревар против Волфсбург и губеше од 26. минута со голот на Даниел Калиџури.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


А потоа се „појави“ Левандовски. Натрпеварот го започна од клупата, но резултатот го натера тогашниот тренер на Баерн, Пеп Гвардиола да го стави напаѓачот од почетокот на вториот дел. Левандовски во 51. минута израмни на 1:1, а до 60. минута успеа да ја затресе мрежата на Волфсбург уште четири пати.

Пет гола за девет минути, тешко дека некој ќе може да го надмине ова…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…