Најбрзиот гол во Лигата на шампионите е постигнат на денешен ден пред 12 години.
Тој 7-ми март во 2007 година играа Баерн Минхен и Реал Мадрид, а Рој Макај беше стрелец после само 10 секунди и 12 стотинки игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само што Реал тргна од центарот Роберто Карлос направи грешка, а Хасан Салихамиџиќ го пронајде холандскиот напаѓач кој го совлада Касиљас и постави рекорд кој се уште не е срушен, а големо е прашањето уште колку време ќе помине додека некој не постигне побрз гол од Макај.
Il y a 1⃣2⃣ ans jour pour jour, Roy Makaay inscrivait le but le + rapide de l'Histoire de la #LdC ?
⏱10.12 secondes⏱ pic.twitter.com/9UWvprK3F2
— L'UEFA ?? (@UEFAcom_fr) March 7, 2019
Баерн во тој натпревар победи со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите ,а подоцна испадна Милан кој потоа стана европски шампион.
Макај во Лигата на шампионите постигна 29 голови на 61 натпревар.