На денешен ден пред точно една година бевме сведоци на еден од најголемите, можеби и најголемиот пресврт во историјата – Барселона го победи ПСЖ со 6:1.
Богатиот клуб од Париз во првиот натпревар против Барселона славеше со 4:0 и во тие моменти изгледаше дека Барселона е на работ на бездната, но чудото сепак се случи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона на полувремето во реваншот водеше со 2:0, а кога поведе со 3:0 беше јасно дека во продолжение се подготвува вистинско шоу на „Камп Ноу“. Сепак, многу брзо ПСЖ успеа да ги смири Каталонците и тоа преку Кавани во 62 минута од натпреварот.
Тогаш изгледаше како играчите на Барселона да се помирија со елиминацијата бидејќи до крајот им беа потребни уште три погодоци. Вистинското шоу започна во 88 минута кога Нејмар погоди од слободен удар за 4:1, три минути подоцна истиот играч реализираше пенал за 5:1.
Играчите на ПСЖ во тие моменти беа во „пеколот“ на „Камп Ноу“ и не издржаа. Барселона во 95 минута го изведе последеното нафрлување, а на втората статива најдобро се снајде Серхио Роберто кој го матираше Кевин Трап за вистинско лудило и еден од најголемите пресврти во историјата.
Каталонците во продолжение од натпреварувањето беа исфрлени од Јувентус. „Старата дама“ во првиот натпревар победи со 3:0, додека во реваншот на „Камп Ноу“ одиграа 0:0.