Јувентус пред себе во Лигата на шампионите има невозможна мисија, но сигурно дека Италијанците нема да се предадат пред време.
Ждребот сакаше во ¼ финалето од најелитното европско натпреварување да се сретнат минатогодишните финалисти Јувентус и Реал Мадрид. „Кралевите“ во првиот натпревар во Торино славеа со високи 0:3 и сега пред „старата дама“ е според фудбалската јавност, невозможна мисија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реваншот во Мадрид на програмата е во среда од 20:45 часот, а Масимилијано Алегри нема да може да смета на суспендираните Родриго Бентакур и Паоло Дибала.
Според тоа медиумите во Италија најавуваат дека Алегри ќе излезе со фромација 4-2-3-1 или 4-3-3, а во двете варијанти многу веројатно дека во составот ќе се најдат Манџукиќ, Игуаин, Квардадо и Даглас Коста.
Останува да се види дали Матуиди ќе започне од клупата, а се претпоставува дека Бернардески нема да настапи бидејќи не е целосно спремен.
Во овие моменти Реал е на чекор од пласман во полуфиналето и евентуален пресврт во Мадрид би претставувал вистинска сензација.