Дома Фудбал На Гвардиола му олесна – Жесус НЕ мора на операција

На Гвардиола му олесна – Жесус НЕ мора на операција

Фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жесус се повреди на мечот против Кристал Палас, но за среќа повредата не е тешка како што се мислеше.

Имено, Бразилецот го повреди коленото, но деталните прегледи покажаа дека нема кинење на лигаментите и нема да му биде извршена хируршка интервенција.

Жесус денес се огласи преку социјалните мрежи и ги израдува фановите со добра вест.

„Извршив преглед на левото колено и дијагностицирана е полесна повреда на лигаментите. Му благодарам на Бог, не е ништо страшно и не мора да одам на операција“, напиша напаѓачот на Инстаграм.

На дуелот со Кристал Палас се повреди и Кевин де Брујн, но за среќа потврдено е дека и Белгиецот брзо ќе се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн пред Јамал во трката за „Златната топка“: Лондон чека фудбалски спектакл

Во понеделник, на 26 октомври, Лондон првпат ќе биде домаќин на доделувањето на „Златната …