Дома Топ вести На Атлетико 100 милиони евра за Јан Облак не му се доволни!?

На Атлетико 100 милиони евра за Јан Облак не му се доволни!?

oblak

Јан Облак во овој момент сигурно е помеѓу најдобрите голмани во светот и Атлетико ќе направи се за да го задржи во своите редови.

Словенецот во овој момент во својот договор има откупна клазула во износ од 100 милиони евра, но директорот на клубот Михел Ахел Гил Марин смета дека истата мора да биде зголемена поради интересот кој владее во Европа за Облак.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе се обидеме да ја зголемиме клазулата на Облак, тој има голема доверба од сите нас. Знаеме дека сака да остане, истото го сакаме и ние“, изјави Гил за „Кадена Коп“.

Облак во Атлетико Мадрид пристигна во 2014 година од Бенфика за сума од 30 милиони евра, а подоцна стана еден од најценетите голмани во Европа.

Пред Бенфика го носеше дресот на Рио Аве, Леира, Олијансе, Беира Мара и Олимпија од Љубљана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…