По тешка три и пол годишна битка со леукемијата, денеска на 53-годишна возраст почина Синиша Михајловиќ.
И во таа најтешка битка тој беше онаков каков што го паметевме на фудбалските терени ширум Европа – храбар, бестрашен, пркосен…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За жал, таа нерамноправна борба заврши денеска, но она што Миха го остави зад себе, како фудбалер, како тренер, но пред се како човек, ќе остане засекогаш запаметено.
Целиот фудбалски свет денеска се збогува со Миха, од клубовите во кои играше и работеше, до бројни соиграчи, познати фудбалски имиња, до обични фудбалски фанови ширум светот.
Тажна слика ни доаѓа од Светското првенство во Катар, каде денеска се одигра еревијалниот натпревар на фудбалските легенди, кој беше прекинат со оваа страшна вест за прераното заминување на Миха.
Poslednji pozdrav Mihi i sa Mundijala u Kataru… pic.twitter.com/2QOCca2Awh
— Sportske.net (@sportske) December 16, 2022