Дома Фудбал Останато Најскапи фудбалери на светот: Рашфорд пред Халанд, пад на Мбапе

Најскапи фудбалери на светот: Рашфорд пред Халанд, пад на Мбапе

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд моментално е најскапиот фудбалер во светот, според институтот за фудбалска историја и статистика (CIES).

Рашфорд во моментов е проценет на 165.6 милиони евра и е само 14 милиони евра поскап од ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За пресметување на вредноста во предвид се земаат многу параметри, а најголемо влијаение имаат моменталната форма, возраста и должината на договорот со клубот.

Токму тоа е причината за падот на цената на Килијан Мбапе бидејќи на лето влегува во последната година од договорот со ПСЖ.

Најскапи фудбалери во светот:

1. Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) 165,6 милиони евра

2. Ерлинг Хaланд (Дортмунд) 152 милиони.

3. Трент Александар-Арнолд (Ливерпул) 151,6 милиони

4. Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед) 151,1 милиони

5. Килијан Мбапе (ПСЖ) 149,4 милиони.

6. Џејдон Санчо (Дортмунд) 148,3 милиони

7. Жоао Феликс (Атлетико М) 141,5 милиони.

8. Алфонсо Дејвис (Баерн) 139,2 милиони

9. Рахим Стирлинг (Манчестер Сити) 136,9 милиони

10. Каи Хаверц (Челзи) 136 милиони

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…