Ветеранот Дерик Роуз објави дека ја завршува кошаркарската кариера.
Најмладиот МВП во историјата на НБА лигата заминува во пензија откако во најсилната лига во светот помина 15 сезони. Најмногу ќе остане запаметен по наградата за најкорисен играч во лигата која ја освои во 2011 година со неполни 23 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во следното поглавје ќе се обидам да остварам други соништа. Верувам дека вистинскиот успех го достигнуваше тогаш кога ќе станеш она за што си направен, а јас сакам на светот да му покажам што друго сум освен кошаркар.
Без разлика дали е лоша или добра сите имаат некоја приказна во својот живот. Во мојата јас дури и кога би можел не би менувал ништо“, објави Роуз.