Дома Топ вести Најлудата приказна од преодниот рок: Седнал да потпише, па излажал дека му ѕвони телефонот и – избегал!

Најлудата приказна од преодниот рок: Седнал да потпише, па излажал дека му ѕвони телефонот и – избегал!

grosici lewa

Вчера во 00:00 часот заврши преодниот рок во сите посилни европски лиги, со оглед дека во Италија и Англија рокот за купување беше скратен изостанаа големите возбудувања.

Најлудата приказна, не само во последниот ден туку воопшто во целиот преоден рок ни доаѓа од Турција, од тимот на Бурсаспор.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Турскиот клуб имал намера да го ангажира 30 годишниот полски фудбалер Камил Гросицки, кој од својот тим Хал и добил дозвола да замине на позајмица.

Гросицки пристигнал во Турција, го пречекале навивачите, се запознал со клубот и соиграчите, навидум бил среќен што ќе ја продолжи кариерата во Бурсаспор, никој не можел ниту да замисли што ќе се случува понатаму.

Фудбалерот ги поминал медицинските прегледи, а потоа стигнале до потпишувањето на договорот. Играчот влегол во канцеларија, седнал со директорите на клубот и во моментот кога требало да потпише со изговор дека му ѕвони телефонот излегол од канцлеријата.

Што се случило потоа? – НЕ СЕ ВРАТИЛ!

Клубот се обидел да го добие на телфон, но немале успех, за подоцна да дознаат дека играчот со автомобил заминал на аеродромот од каде што се вратил во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…