Mундијалската програма денес беше отворена со натпреварот помеѓу Белгија и Тунис кој на крајот заврши со убедлива победа на фаворитот.
Белгија во натпреварот против Тунис влезе како фаворит, а дека не сакаат да си направат проблеми беше јасно уште рано. Во шестата минута од натпреварот беше досуден 13-тиот пенал на Мундијалот, сигурен реализатор беше Еден Азар. Треба да се истакне и дека со овој гол беше срушен мундијалскиот рекорд од 1954 година (26 натпревари без натпревар 0:0, во Русија сега сме до бројката 27).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За нов гол не се чекаше многу. Ромелу Лукаку само десет минути подоцна зголемува на 2:0. Во 18 минута Тунис сепак покажа знаци на живот, по еден прекршок успеаа да намалат на 2:1. Стрелец на голот беше Брон.
Во финишот од полувремето Лукаку го постигна својот втор гол на натпревар за 3:1, ова беше и најефикасното прво полувреме досега на Светското првенство во Русија.
После само шест минути игра во вториот дел, Еден Азар мајсторски искористи една долга топка од Кевин Де Брујн за веќе убедливи 4:1. За „петарда“ и се погрижи Мичу Батшуаи во 90-та минута од натпреварот.
Тунис во последните моменти успеа да стигне и до втор погодок за конечни 5:2, стрелец на голот беше Казари.
Со овој пораз Тунис ги загуби шансите за евентуално изненадување и пласман во следната фаза, каде што Белгија многу веројатно веќе е пласирана.