Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се засили со Филип Најдовски и Дарко Мицевски.
25-годишниот Филип Најдоски пристигна од прилепска Победа. Тој е поранешен член на младинската репрезентација на Македонија, кога селектор беше токму сегашниот тренер на Вардар, Бобан Бабунски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Најдовски со „црвено-црните“ е на една година, со можност за продолжување на соработката и во следните две.
Мицевски се враќа во матичниот клуб по долгата интернационална кариера. Досега има настапувано за ОФК Белград, Нови Пазар, Слобода Ужице, во Минск, а во таборот на „црвено-црните“ доаѓа од редовите на Ал-Неџмех од Либан, соопшти Вардар на својата официјална веб страница.