Дома Фудбал Останато Најдобриот рокер помеѓу фудбалерите и најдобриот фудбалер помеѓу рокерите стави КРАЈ на кариерата!

Најдобриот рокер помеѓу фудбалерите и најдобриот фудбалер помеѓу рокерите стави КРАЈ на кариерата!

Поранешниот фудбалер на Арсенал одлучи да стави крај на својата фудбалска кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томаш Росицки човекот кој беше репрезентативец на Чешка и фудбалер на Арсенал, во последните две сезони настапуваше за тимот на Спарта, но поради проблемите со повредите тој одигра само три натпревари.

„После долго размислување одлучив да ставам крај на професионалната кариера“, изјави Росики на конфренецијата за медиуми во Прага.

Росицки е еден од најдобрите чешки фудбалери во историјата, кариерата ја започна во Спарта, а со голем успех го носеше дресот на Борусија Дортмунд и Арсенал.

Во Лондон настапуваше цела деценија (2006-2016) и остави длабока трага во редовите на „топџиите“, иако повредите го спречија да го покаже својот полн потенцијал.

За репрезентацијата на Чешка одигра 105 натпревари и постигна 23 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат првиот противник на Вардар во квалификациите за ЛШ

Вардар го доби својот прв противник во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешнат…