Дома Фудбал Англија Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова натпреварување.

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Тимотни Фосу-Менсах кој се наоѓа на позајмица во Фулам изненадувачки се најде на првото место со брзина од 35.32 km/h го симна од првото место Кајл Вокер од Манчестер Сити на кого најголемата брзина му беше 35.27 km/h.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уште едно неочекувано име се најде на третото место, а станува збор за играчот на Вулверхемптон, Рубен Винагре на кого му беше измерена брзина од 35.2 километри. Лерој Сане и Деандре Једлин ја затвараат листата од петте најбрзи играчи.

Жерар Делофеу, Фелипе Андресон, Дивок Ориги и Патрик Ван Холт се наоѓаат помеѓу првите 10, а исто така тука е и голманот на Фулам Серхио Рико.

Рико на на некој начин успеал да има спринт побрз од Мохамед Салах кој не достигнал брзина поголема од 34.95 km/h.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…