Денес на програмата во Лигата на Европа е вистински шлагер за сите љубители на фудбалот, натпревар кој е рамен на средба од Лигата на шампионите гигантите Милан и Арсенал ги вкрстуваат „копјата
На Арсенал Лигата Европа му единствена шанса да стигне до Лигата на шампионите, додека пак Милан се уште има шанси во Серија А да стигне до четвртата позиција, најмногу поради одличната форма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан е во фантастична форма, Гатузо како да го препорди тимот, од друга страна во Арсенал владее вистински хаос. Поразите од Манчестер Сити и Брајтон во последното коло внесоа големи немири во тимот. Токму поради формата обложувалниците му даваат мала предност на италијанскиот претставник, иако е јасно дека кога во прашање се вакви натпревари помеѓу два европски гиганти тоа воошто ништо и не мора да значи.
„Toпчиите“ за оваа средба имаат и поголеми проблеми со повреди. За Арсенал сигурно нема да настапат Хектор Белерин, Санти Казорла и Александар Лакзете, а неизвесна е и ситуацијата со Начо Монреал.
„Росонерите“ немаат посериозни проблеми овој натпревар Гатузо не може да смета само на дефанзивците Конти и Мусакио.
Милан и Арсенал последен пат во Италија се сретнаа во 2012 година во натпревар од Лигата на шампионите, тогаш италијанскиот претставник славеше победа од 4:0, додека во реваншот од Лондон малку недостасуваше Арсенал да направи чудо и голем пресврт. „Топчиите“ после само првото полувреме имаа голема предност од 3:0, но во вторите 45 минути не успеаа да постигнат погодок.
Арсенал на вкупно три гостувања во Милано забележа два порази и една победа. Единствената победа овој клуб во Милано ја оствари во 2008 година (0:2).
Сега, да ги погледнеме и коефициентите за оваа средба.
Во 10bet за победа на Милан коефициентот изнесува 2.05, за реми 3.40, додека за победа на гостинот од Лондон добивате коефициент од 3.75.
Предлог тип за оваа средба како и за уште неколку во Лигата на Европа можете да пронајдете на професионалниот сајт за спортско обложување Кладење.мк