Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Португалија – Роналдо и дружината спремни да го изненадат светот!

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Португалија – Роналдо и дружината спремни да го изненадат светот!

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Денес започнуваме со репрезентациите од Групата Б, па ќе ви ја претставиме Португалија.

ПОРТУГАЛИЈА

Актуелниот европски шампион Португалија е сместена во Групата Б заедно со репрезентациите на Шпанија, Мароко и Иран. Со оглед на квалитетот, не би требало да има проблеми да се пласира во следната фаза.

Иако во тимот го има официјално најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо сепак не и се даваат големи шанси на Португалија да ја подогне „Божицата“. Според букмејкерите Португалците се 8-ми фаворити на Мундијалот и коефициентот за нивна победа изнесува 23.00.

Португалија уште во првиот натпревар го игра големото дерби со Шпанија, на 15-ти јуни во Сочи со почеток од 19 часот, а тоа е меч кој веројатно ќе го одлучи победникот во групата.

Вториот натпревар Португалија го игра на 20-ти јуни против Мароко во Москва, а последниот на 25-ти јуни против Иран.

Што се однесува со квалификациите Португалија до самиот крај се бореше за директен пласман на Мундијалот. На крајот успеа да го обезбеди првото место во групата, но со ист број бодови како Швајцарија, која замина во бараж.

Португалците на Мундијалот ќе играат во традиционално црвен дрес со зелени детали, а втората гарнитура им е бела.

Селекторот Фернандо Сантош го соопшти списиокот од 23 фудбалери кои ќе патуваат на Мундијалот и мора да се признае дека изненади многумина.

Изненадување е што во тимот ги нема играчите на Барселона, Нелсон Семедо и Андре Гомеш, како и ѕвездата на Интер, Жоао Кансело. Очекувано на списокот ги нема Ренато Санчез и Нани кои имаа лоши сезони.

Голмани: Антони Лопез (Лион), Бето (Гезтепе), Руи Патрисио (Спортинг)

Одбрана: Бруно Алвеш (Ренџерс), Сердик (Саутемптон), Хосе Фонте (Далиан), Марио Руи (Наполи), Пепе (Бешикташ), Рафаел Гериро (Дортмунд), Рикардо Переира (Порто), Рубен Диаз (Бенфика)

Среден ред: Адриен Силва (Лестер), Бруно Фернандес (Спортинг), Жоао Марио (Вест Хем), Жоао Мутињо (Монако), Мануел Фернандез (Локомотив), Вилијам Карваљо (Спортинг)

Напад: Андре Силва (Милан), Бернандо Силва (Манчестер Сити), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Желсон Мартинс (Спортинг), Гонсало Гуедес (Валенсија), Рикардо Кварезма (Бешикташ)

Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има сите коефициенти за натпреварите од групната фаза.

Португалија е аутсајдер во првиот натпревар против „црвената фурија“. Па така според Coinbet24 коефициентот за победа на Португалија изнесува 4.30 за реми 3.45 додека за победа на Шпанија коефициентот е 1.88.

Португалците се фаворити за победа против Мароко. Според Coinbet24 коефициентот за победа изнесува 1.54 за реми 3.85 додека за победа на Мароко коефициентот е 7.00

Португалија е голем фаворит и за победа против Иран. Според Coinbet24 коефициентот за победа изнесува 1.40 за реми 4.55 додека за победа на Иран коефициентот е 8.00.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…