Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.
Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Преостануваат уште четири дена, а денес ќе ви ја претставиме репрезентацијата на Полска.
ПОЛСКА
Репрезентацијата на Полска е сместена во Групата Е заедно со репрезентациите на Колумбија, Сенегал и Јапонија, па според квалитетот не би требало да има проблем да се пласира во следната фаза.
Полсла се враќа на Светските првенства после 12 години и ова за нив ќе биде 7 учество.
Полска супериорно ги мина квалификациите и директно обезбеди билет за Русија. Првиот натпревар ќе го игра против Сенегал на 19-ти јуни во Москва. Потоа на 24-ти јуни ќе се игра дербито против Колумбија во Казан, а на 28-ми јуни Полска ќе го одигра последниот меч во групата против Јапонија.
Полска на Мундијалот ќе игра во дресови со традиционалната црвена боја, додека резервната гарнитура ќе биде бела со црвени детали.
Селекторот Адам Навалка има неколку ѕвезди во тимот, од кои најголема ѕвезда е секако напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски.
Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има сите коефициенти за натпреварите во групата фаза. Коефициентот за Полсла да биде победник во групата изнесува 2.80
Полска е благ фаворит во првиот меч против Сенегал. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 2.36 за реми 3.15 додека за победа на Сенегал коефициентот изнесува 3.20
Полска е аутсајдер во дербито против Колумбија. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 3.40 за реми 3.15 додека за победа на Колумбија коефициентот изнесува 2.28
Полска е фаворит против Јапонија. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.93 за реми 3.35 додека за победа на Јапонците коефициентот изнесува 4.20