Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.
Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Денес започнуваме со групата Е и ќе ви го претставиме фаворитот Бразил.
БРАЗИЛ
Бразилската репрезентација е сместена во Група Е заедно со репрезентациите на Швајцарија, Србија и Коста Рика. „Кариоките“ важат за најголеми фаворити на овој Мундијал со коефициент 6.00.
Бразил е најтрофејната фудбалска нација со освоени рекордни 5 титули од Мундијалите. Инаку „кариоките“ до сега настапуваа на сите 20 Светски првенства.
Бразил супериорно ги помина квалификациите и како првопласиран во групата го завери билетот за Русија, а моментално се наоѓа на 2-то место на ФИФА ранг листата.
За Бразил Мундијалот ќе започне на 17-ти јуни кога во Ростов ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Швајцарија. Во вториот меч „Кариоките“ ќе играат со Коста Рика на 22-ри јуни, а последниот меч го играат против Србија на 27-ми јуни.
Брзил на Мундијалот ќе игра во дрес дизајниран од компанијата „Најк“ во традиционалната жолта боја со зелени детали. Втората гарнитура за Русија ќе биде во сина боја.
Кога сме кај составот селекторот Тите веќе го соопшти конечниот список на патници. Секако, најголем хандикеп е отсуството на Дани Алвеш, но најдобрата вест е што во Нејмар се рехаблитираше од повредата и ќе биде спремен за СП.
Голмани: Алисон, Едерсон, Касио.
Одбрана: Данило, Фагнер, Тиаго Силва, Миранда, Маркињос, Марсело, Фелипе Луис.
Среден ред: Касемиро, Паулињо, Фернандињо, Ренато Агусто, Кутињо, Фред, Вилијан.
Напад: Нејмар, Фирмино, Габриел Хесус, Даглас Коста и Тајсон.
Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има сите коефициенти за натпреварите од групната фаза. Бразил е голем фаворит и коефициентот да биде победник во групата е 1.30.
Бразил е фаворит во сите три меча. Коефициентот за победа во првиот натпревар во Coinbet24 изнесува 1.39 за реми 4.75, додека за победа на Швајцарија коефициентот е 8.20.
„Кариоките“ се голем фаворит против Коста Рика. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.25 за реми 5.90 додека за победа на Коста Рика коефициентот е 12.20
Бразил е фаворит и против Србија. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.38 за реми 3.80 додека за победа на нашиот сосед коефициентот е 8.30.