Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Белгија – белгиското небо никогаш не било ѕвездено како сега!

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Белгија – белгиското небо никогаш не било ѕвездено како сега!

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Моментално сме во Групата Г и ќе ви ја претставиме репрезентацијата на Белгија.

БЕЛГИЈА

Репрезентацијата на Белгија е сместена во Групата Г заедно со репрезентациите на Англија, Панама и Тунис, па според квалитетот не би требало да има проблем да се пласира во следната фаза.

Ова за Белгија е 12-то учество на Светските првенства и со право од нив се очекува висок пласман бидејќи во моментов се 3-та репрезентација во светот според ФИФА ранг листата.

Според букмејкерите Белгија важи за 6-ти фаворит на Мундијалот во Русија, па коефициентот во Coinbet24 за триумф на Белгија изнесува 12.00.

Белгија супериорно ги помина квалификациите за Светското првенство во Русија. Првиот натпревар ќе го игра против Панама на 17-ти јуни во Сочи, потоа следува дуелот со Тунис на 23 јуни. На крајот, на 28-ми јуни се игра дербито помеѓу Белгија и Англија кое веројатно ќе го даде победникот во Групата Г.

Белгија на Мундијалт ќе настапи во дресови изработени од „Адидас“ во традиционалната црвена боја со инетресен дезен на градите. Втората ганритува ќе биде во жолта боја.

Кога станува збор за тимот, селекторот Роберто Мартинез беше на слатки маки. Меѓутоа, најголемото изненадување е секако изоставањето на Раџа Наинголан, а во последен момент од составот беше „пречкртан“ и Бентеке.

Голмани: Тибо Куртоа, Симон Мињоле, Коен Кастелс

Одбрана: Јан Вертонген, Тоби Алдервилд, Томас Вермален, Лорен Симан, Томас Муние, Леандер Дендонкер, Дедрик Бојата, Винсент Компани

Среден ред: Кевин Де Брујн, Муса Дембеле, Аксел Витсел, Маруан Фелаини, Јури Тилеманс, Торган Азар, Насер Чадли, Јаник Караско, Аднан Јанузај

Напад: Еден Азар, Ромелу Лукаку, Мичи Батчуаи, Дрис Мертенс

Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има сите коефициенти од групната фаза. Коефициентот за Белгија да биде победник во групата изнесува 1.85

Белгија е огромен фаворит против Панама. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.18 за реми 6.90 додека за победа на Панама коефициентот е 16.75

Белгијците исто така се големи фаворити против Тунис. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.31 за реми 5.20 додека за победа на Тунис коефициентот е 10.20.

Дербито против Анлија се очекува да биде израмнето. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 2.54 за реми 3.25 додека за победа на Гордиот Албион коефициентот е 2.86

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шкотски навивачи поминале низ хорор: Биле малтретирани и понижувани во Загреб?!

Многу навивачи на Селтик ден пред натпреварот против Динамо во Лигата на шампионите (1:1),…