На 31 јули 2021 во Скопје се одржа Националното поединчено првенство за млади младинци/ки.
Во Организација на Атлетската федерација на Македонија на Арената “Тодор Проески” и Стадионот на „АРМ” во Скопје се одржа Националното поединчено првенство за млади младинци/ки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најмладите и овој пат го направија ова првенство посебно со нивната искреност, нивните насмевки и нивната желба да го покажат најдоброто. Тие најавија дека имаме светла иднина, допрва доаѓаат ѕвезди кои имаат што да понудат во овој спорт.
Првите места во машка конкуренција ги освоиа следните натпреварувачи:
На 110 метри со пречки Брајан Авиа од 7ми Мај (19,27), 100 метри Огнен Стефановски од Делта (11,71), 400 метри Огнен Стефановски од Делта (52,40), 800 метри Филип Апостолоски од Најк Ран (2.07,62), 1500 метри Андреј Андовски од Кавадарци (4.40,79), 3000 метри Димитар Петровски од Делта (9.07,18), 4х100 метри М. Петров , Ф.Младеновски , М.Бошковски , О. Стефановски од Делта 51,96, далечина Ридван Фејзула од Лириа ММ (5,66), ѓуле Ален Машовиќ од Работнички (12,10), копје Петар Хаџи Кимов од Работнички (35,47), диск Брајан Авиа од 7ми Мај (32,20).
Првите места во женска конкуренција ги освоиа следните натпреварувачи, на 100 метри со пречки
Дијана Вукановиќ од Куманово (16,89), 100 метри Натура Мало од Дрини Старт (13,13), 400 метри Ана Божиновска од Центар (62,00), 800 метри Ирма Хајдари од Центар (2.37,74), 4х100 метри А. Божиновска , В.Цветановска , И.Хајдари , Ј.Богоевска од Центар (56,37), трискок , далечина Сара Османовска од 7ми Мај (4,71), височина Сара Ангелкоска од Стеваноски (125), ѓуле Јумна Фетаху од 7ми Мај (9,88), копје , диск Теа Алексовска од Куманово (30,37).
Натпреварувачите пак родени 2010 и помлади настапуваа надвор од конкуренција. Натпреварите се одвиваа според строги протоколи пропишани од Министерството за здравство.