Изминатата вечер во НБА ја обележи Донован Мичел кој за Кливленд во мечот против Чикаго постигна 71 поен.
Мичел го одигра најдобриот натпревар во кариерата со кој сруши бројни рекорди во НБА. Со бројката од 71 поен тој стана вториот кошаркар со најмногу поени во овој милениум. Повеќе од него постигна само Коби Брајант во 2006 (81 поен).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ниту еден играч на Кливленд претходно не постигна толку поени. Најмногу постигнаа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг, двајцата по 57.
Во историјата на НБА само тројца кошаркари постигнале повеќе од 71 поен. Вилт Чембрлејн, Коби Брајант и Дејвид Томпсон.
Чебрлејн на двапати го направи тоа со по 100 и 78 поени, а тука се уште Коби Брајант со 81 и Дејбид Томпсон со 73. Исто како и Мичел 71 поен постигнаа Дејвид Робинсон и Елџин Бајлор.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Њујорк – Феникс 102:83
Шарлот – ЛА Лејкерс 115:121
Кливленд – Чикаго 145:134
Индијана – Торонто 122:114
Филаделфија – Њу Орлеанс 120:111
Бруклин – Сан Антонио 139:103
Хјустон – Далас 106:111
Минесота – Денвер 124:111
Голден стејт – Атланта 143:141
Портланд – Детроит 135:106
ЛА Клиперс – Мајами 100:110