Вчера Нант го одигра првиот натпревар после исчезнувањето на авионот со кој Емилијано Сала леташе кон Кардиф.
На натпреварот помеѓу Нант и Сент Етјен фудбалот беше во втор план, сите на стадионот беа со мислите со Аргентинецот и неговото семејство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На загревањето и двата тима носеа маици во чест на напаѓачот. Пораката на Нант гласеше „Те сакаме Еми“ додека од Сент Етјен порачаа „Молете се за Сала“.
? #FCNASSE#PrayForSala pic.twitter.com/JhBPj2G6lr
— AS Saint-Étienne (@ASSEofficiel) January 30, 2019
L'échauffement de nos joueurs avec @EmilianoSala1 sur le coeur ?#FCNASSE | #PlayForSala pic.twitter.com/2vOCuIlavC
— FC Nantes (@FCNantes) January 30, 2019
Главниот судија во 9-тата минута го прекина натпреварот, а стадионот испрати громогласен аплауз како поддршка за Сала.
Пред натпреварот на средината на теренот беше поставен транспарент со ликот на Сала, додека навивачите имаа подготвено кореографија во чест на нивниот миленик.