Дома Фудбал Наташа Андонова денес игра да стане првата Македонка со европска круна!

Наташа Андонова денес игра да стане првата Македонка со европска круна!

Денес со почеток во 18:00 часот се игра финалето во женската Лига на шампиони од кое дел ќе биде македонската фудбалерка, Наташа Андонова..

Андонова со својата Барселона денес ќе игра против француски Олимпик Лион во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Оние кои го следат женскиот фудбал знаат дека Лион е еден од најсилните тимови, можеби и најсилен. Лион го освојуваше трофејот во женската Лига на шампионите во последните три години и сега игра за четврта титула во низа.

Францускиот претставник ја има улогата на фаворит, но Андонова и Барселона сигурно нема предвреме да се откажат и се надеваат на триумф.
Доколку на Андонова и успее таа ќе стане првата Македонска со европска круна во фудбал.

Кога е машкиот фудбал во прашање со титули во Лигата на шампионите можат да се пофалат Панчев, Најдоски и Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никовски и Поп Арсова Рашиќ ја предводеа жетвата на титули на Олимп во крос-кантри

Битолски Олимп го заврши националниот шампионат во Скопје со шест златни и еден сребрен ме…