Дома Фудбал Останато „Насри е толку глупав што на сред натпревар ми кажа дека може да ме купи“

„Насри е толку глупав што на сред натпревар ми кажа дека може да ме купи“

Емануел Фрипонг и Самир Насри беа соиграчи во Арсенал пред осум години. Фрипонг тогаш имаше само 19 години и се обидуваше да се пробие во првиот тим, додека Насри кој беше пет години постар важеше за една од најголемите ѕвезди на тимот.

Денес Фрипонг кој е пензиониран на само 27 години поради тешките повреди не може да го замисли Насри кој се обидува да ја оживее кариерата во Андерлехт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За Насри не би ви кажал дека ми се допаѓа дури и да ми дадете пет милијарди долари“, порача фудбалерот од Гана, а потоа откри еден момент од август 2011 година.

Тогаш Ливерпул на „Емирати“ го победи Арсенал со 2:0, натпреварот го одлучи исклучувањето на Фрипонг, но потегот кој го направил Насри во соблекувалната бил нерпифатлив.

„Стана и пред сите играчи почна да ми вика дека сме изгубиле поради мене. Во ред, можам да го разберам тоа, но си размислував – како може некој такво нешто пред сите да му каже на играч кој има 19 години и кој го игра својот втор професионален натпревар?! Зошто би направил такво нешто?“, се запрашал Фрипонг.

Насри кон Фрипонг бил безобразен и кога приминал во Сити во меѓусебниот натпревар против Арсенал.

„За време на натпреварот ми кажа дека може да ме купи, ете толку е глупав. Веројатно и можеше бидејќи имаше милиони, но покажа дека неговиот памет е далеку поразличен од она што го има стекнато во фудбалот. Него никогаш нема да го почитувам како професионален фудбалер“, заврши поранешниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…