Дома Фудбал Репрезентации Насри го нападна францускиот селектор: Доведете го Гвардиола да уживаме!

Насри го нападна францускиот селектор: Доведете го Гвардиола да уживаме!

Самир Насри, искусниот и проблематичен француски фудбалер како и многу негови колеги го искористи времето во карантин да разговара со фановите преку Инстаграм.

Насри кој судејќи според ситуацијата ќе добие отказ во Андерлехт бидејќи не ги почитуваше клупските правила (повеќе тука) во разговорот со неговите фанови зборуваше на повеќе теми. Посебно интересна беше онаа за репрезентацијата на Франција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според Насри, Дешамп можел да состави многу подобра репрезентација.

„Доведете го Гвардиола на клупата на Франција и ќе видите како ќе играме. Ќе уживаме!“, изјави Насри кој очигледно не е фан на Дешамп и неговата фудбалска филозофија, додека со Пеп соработуваше во Манчестер Сити.

Тој смета дека во репрезентацијата постои фаворизирање на одредени играчи и селекторот понекогаш не носи правилни одлуки.

„Не разбирам зошто Бензема не беше повикан на ЕП 2016 или СП 2018. Не разбирам зошто јас не играв на Мундијалот во 2014, ниту зошто Бен Арфа беше изоставен од списокот за ЕП 2016 после фантастичната сезона во Ница“, зборуваше Насри.

Меѓутоа, што и да прави Дешамп Франција е актуелен светски шампион и затоа овие зборови на Насри нема никого посебно да погодат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…