Дома Фудбал Италија Наскоро два потписа во Торино

Наскоро два потписа во Торино

Раководството на Јувентус наскоро ќе им понуди нови договори на двајца важни фудбалери од тимот – Хуан Квадрадо и Војчех Шчешни, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според медиумите на Апенините преговорите со двајцата фудбалери се во напредна фаза и наскоро се очекува Колумбиецит и Полјакот да стават потпис на договорите.

Шчешни ја игра третата сезона во Јувентус, оваа му е втора како прв голаман, па челниците се задолволни од неговите изданија и сакаат да му го продолжат договорот кој истекува во 2021 година.

Од друга страна Квадрадо има договор до крајот на сезоната, но очигледно тренерот Сари смета на него и оваа година го користи на повеќе позиции.

Поради тоа раководството е спремно да ја продолжи соработката со Колумбиецот кој во Торино пристигна во 2015 година од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(ВИДЕО) Ираола скапо ја плати дебитантската победа на клупата на Ливерпул

Ендони Ираола со триумф го започна својот менаџерски мандат на клупата на Ливерпул, откако…