Младиот италијански тенисер Лука Нарди приреди вистинска сензација откако како 123. тенисер во светот успеа да го елиминира Новак Ѓоковиќ од турнирот во Индијан Велс.
Победата за Италијанецот е најголемата во неговата кариера, а не криеше и дека Ѓоковиќ е негов идол. Во неговата соба Нарди има и постер од српскиот тенисер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нарди и самиот веројатно не верувал дека може да го победи Ѓоковиќ па не размислувал за понатаму и не знаеше дека во следната рунда ќе игра против Томи Пол.
“Томи Пол, што? Играм против него? Навистина? Не знам, не го проверив ждребето, благодарам што ме известивте”, одговори Нарди на конференцијата за медиуми.
Потоа беше запрашан и за постерот во неговата соба.
“Да, го чувам. Секој вечер пред спиење го гледам Новак и тоа нема да се промени сега кога го победив. Не се шегувам Го чувам и ќе го чувам и понатаму”, изјави Нарди со насмевка.