Дома Фудбал Останато Направи огромен ПОДВИГ, го постигна голот на „кариерата“, а му помогнале пивото и цигарите! (Видео)

Направи огромен ПОДВИГ, го постигна голот на „кариерата“, а му помогнале пивото и цигарите! (Видео)

Кога во прашање е клубот кој го сакате целиот свој живот, важно е да верувате во своите соништа и понекогаш тие можат и да се остварат.

Камел Заруал го постигна единствениот гол, но сигруно најважниот во „кариерата“ која не ја ни започнал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој човек преминал пат од Арло на југот на Франција до Амиен кој е на северот на земјата и тоа со велосипед, со што би сорбал пари за за хендикепираните деца од југот на земјата.

Цела Франција го следеше овој неверојатен пат, Заруал не е ниту рекреативен велосипедист, како што кажа се спремал со пиво и цигари кои му помогнале да ги издржи големите напори.

Олимпик Марсеј клубот за кој навива го повика да го изведе почетниот удар во натпреварот против Тулуз.

Заруал не чекаше два пати да му кажат, бодрен од навивачите на трибината на која е и тој редовно, успеа да претрча половина терен и да го совлада голманот, Албан Лафон. На крајот стрелецот кој има 36 години заплака бидејќи за него ова е остварување на неговите соништа, а трибината го прослави овој погодок со еднавка емоција како Марсеј да постигнал гол за водство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Љоренте го праша Де Роси уште колку има до крајот, тренерот на Рома урнебесно реагираше 🎥

Екипата на Рома вчера го елиминираше Милан и се пласираше во полуфиналето на Лигата на Евр…