Дома Фудбал Лига на шампиони Наполи против Звезда без човекот кој постигна 56 гола за две сезони?

Наполи против Звезда без човекот кој постигна 56 гола за две сезони?

mertens

Лоши вести пристигнуваат за Наполитанците пред натпреварот против Ц.Звезда идниот вторник во рамките од Лигата на шампионите.

Имено, локалните медиуми во Неапол пишуваат дека еден од најдобрите фудбалери на овој клуб би можел да го пропушти гостувањето во Србија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во прашање е одличниот напаѓач Дрис Мертенс.

Мертенс во репрезентативните обврски за Белгија го повреди рамото. Повредата не е сериозна, но наводно Анчелоти нема да ризикува со него во првиот натпревар од групната фаза против српскиот претставник.

Белгиецот во претходните две сезони постигна 56 голови во сите натпреварувања и беше ударна „игла“ со Инсиње и Калјехон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…